Каква храброст: Харлемовска асистенција на Дончиќ и тоа кога мечот се - решаваше (ВИДЕО)

Дека игра далеку позрело во однос на годините кои ги има, Лука Дончиќ покажа и на синоќешниот дуел на Далас маверикс против Милвоки бакс (136-132), кога во решавачките моменти од продолжението имаше луцидна асистенција од соништата, за која утринава сите зборат.

Словенецот кога се решаваше победникот, реши да го збуни противникот и на својот соиграч му ја додаде топката откако претходно ја протна помеѓу нозе. Клебер умешно заби по неверојатната асистенција со дополнително слободно фрлање, што можеби беше клучниот момент за триумф на „телињата“.

Дончиќ мечот го заврши со дури 19 успешни додавања, заедно со 36 поени и 14 скока.