Јокиќ си ужива со своите коњи во Сомбор и ги нервира Србите (ВИДЕО)

Центарот на Денвер нагетс и МВП играчот во регуларниот дел од сезоната, Никола Јокиќ се врати во Сомбор, каде што ќе помине некое време и ќе се одмори од преголемиот напор во НБА-лигата, а притоа нема да настапи за Србија на Олимписките игри (ОИ) во Токио.

Кошаркарот кажа дека нема да учествува на ОИ во Јапонија, а тоа предизвика бурни реакции кај српската јавност, но кошаркарот не се грижи премногу поради тоа и дополнително ги нервира со снимки од тоа како го минува одморот.

Јокиќ, откако пристигна во Сомбор, веднаш замина кај своите коњи и реши да го помине слободното време со нив, а тоа предизвика нов бран на критики за одличниот кошаркар на Денвер.