Јокиќ и Дончиќ ја предводат првата петорка во НБА-лигата

НБА-лигата утринава ги објави најдобрите три петорки за оваа сезона. Првиот тим го предводат Европјаните, кои за прв пат се тројца меѓу најдобрите пет. 

Актуелниот МВП, Никола Јокиќ од Денвер ја предводи првата петорка, а тука се ѕвездата на Далас, Лука Дончиќ и Јанис Адетокумпо од Милвоки. Меѓу најдобрите имаше место и за Стеф Кари од Голден Стејт и Каваи Ленард.

Вториот тим е составен од Крис Пол, Демијан Лилард, Жоел Ембид, Џулиус Рендал и Леброн Џејмс. Кајри Ирвинг го предводи третиот тим, а тука се и Бредли Бил, Руди Гобер, Џими Батлер и Пол Џорџ.