Играчите на Далас почнаа кампања за Дончиќ, носеа и маички со натпис на српски јазик (ВИДЕО)

Далас Маверикс и кошаркарите на оваа екипа синоќа, на дуелот против Мајами Хит почнаа кампања за избор на Лука Дончиќ за МВП на сезоната во НБА лигата.

Сите до еден вклучувајќи ги и членовите на стручниот штаб на загревање се појавија со маички со натпис на српски јазик „Вистинскиот МВП“ (Pravi MVP). Со тоа сакаа да го поддржат својот соиграч во борбата за престижното признание за кое Дончиќ, со своите настапи сезонава, е вистински конкурент на Никола Јокиќ.

Словенецот во моментов е најдобар стрелец во лигата со просек од 33,9 поени по натпревар и втор асистент со 9,8 додавања, а остварува и по 9,2 скока.