Бутел се раздели со двајца ракометари

Македонскиот ракометен клуб, РК Бутел информираше дека ја прекинува соработката со двајца од своите ракометари.

Се работи за средниот бек Петар Цветковски и кружниот напаѓач Стефан Јовевски. Двајцата веќе не се дел од Бутел.

Ракометарите и РК Бутел спогодбено ги раскинале договорите.

Клубот им се заблагодари за придонесот и им посака среќа во иднина.