Терзиќ ако потпише со клубот со кој преговара, ќе ги изненади сите!
Во текот на својот мандат освои Куп и Суперкуп, а во последното коло од 2022/23 остана без титулата во Бундеслигата по поразот од Мајнц. Во својата последна сезона во Борусија Дортмунд стигна до финалето од Лигата на шампионите каде беше поразен од Реал Мадрид.
Неговите одлични резултати му предвидуваа и добра тренерска иднина, се поврзуваше со неколку клубови, но засега не замина никаде.
Последните шпекулации се изненадувачки, тој е во преговори со Персеполис од Иран.
Според иранските медиуми, претседателот на Персеполис води преговори со Терзиќ за негов ангажман, парите не се голем проблем.
Персеполис е најпознатиот ирански клуб кој седумпати беше шампион на Иран во последните осум сезона. Има вкупно 16 титули во историјата.
Во моментов тие заостануваат пет бода зад водечкиот тим на табелата, па бараат тренер кој може да ја сврти ситуацијата.