Бабунски доби нов напаѓач, Беса го промовираше Шефити
Клубот од Добри Дол во изминатиот период го назначи Бобан Бабунски за нов тренер, а ги раскина договорите со неколку фудбалери. Денеска тие го промовираа и првото засилување во зимскиот преоден рок.
Се работи за Шефит Шефити кој игра во офанзивната линија.
„Со задоволство може да соопштиме дека Шефит Шефити е нов напаѓач на нашиот тим. По искуството во и надвор од нашата земја во екипи како Шкендија, Ренова, Приштина и недоамна Арсими, Шефити носи голем потенцијал и ќе биде важен адут за нашата игра оваа сезона. Му посакуваме здравје и успех“, се вели во соопштението на Беса.