Кога реалноста ќе ги уништи очекувањата: Аморим има полош учинок од Тен Хаг

Манчестер Јунајтед го избрка Ерик Тен Хаг затоа што не беше задоволен од неговата работа, но и наследникот на холандскиот стручњак не успева да испорача резултати какви што беа очекувани.

Рубен Аморим секогаш ќе може да се правда со фактот дека дојде среде сезона и дека не го правел тимот, но од друга страна никој не му е виновен што прифати да го преземе Јунајтед во катастрофална ситуација, како во тимот, така и во клубот воопшто. Во Спортинг беше во комфорна зона, му се смешкаше нова шампионска титула, но сепак одлучи дека е време за нов, голем чекор во кариерата.

Моментот за тоа не беше најдобар за што сведочат резултатите по неговото доаѓање. На вкупно девет меча во сите натпреварувања, Јунајтед под водство на Аморим претрпе пет порази, оствари четири победи и еден нерешен резултат. Тимот повторно е на 14. место на табелата, таму каде што го остави Тен Хаг кога си заминуваше во ноември.

Статистички, Тен Хаг е подобар од Аморим ако се земат предвид последните десет натпревари под водство на Холанѓанецот и десетте на Аморим. Тен Хаг претрпе само два пораза, оствари три победи и пет нерешени резултати и збирно, освои осум бод во тој период во Премиер лигата, додека под водство на Аморим, Јунајтед има еден помалку.

Интересно е тоа што оваа сезона, својот најдобар период Јунајтед го имаше додека на клупата беше Руд ван Нистелрој како привремено решение. Под негово водство тимот немаше порази, а одигра четири натпревари.