Александер-Арнолд донел одлука за својата иднина, го известил Ливерпул!

Актуелниот договор на Трент Александер-Арнолд со Ливерпул истекува по крајот на оваа сезона, неговата иднина е неизвесна.

„Марка“ тврди дека фудбалерот донел одлука да се пресели во Реал Мадрид и го информирал клубот за својата одлука.

Шпанскиот весник смета дека Александер-Арнолд сигурно ќе стане играч на Реал Мадрид, во наредниот период само треба да се формализираат работите.

Англискиот бек е приоритет за кралскиот клуб кога станува збор за наредниот летен преоден рок.