Хјустон серијата победи ја продолжи и во Атланта, Макси го урна Лејкерс (ВИДЕО)
„Ракетите“ редат победи и тоа против силни противници, по двата триумфи над Кливленд и добиениот меч со Бостон, на ред дојде и Атланта која беше совладана на нејзин терен.
Мечот во најголемиот тек беше неизвесен, клучна беше третата четвртина која Хјустон ја доби со 33-23, направи солидна предност која ја задржа до крајот на мечот за конечна победа од 100-96.
Најдобар во составот на Хјустон беше Хрин со 25 поени, Шенгун реализираше 18. Кај Атланта, Тре Јанг постигна 21 поен, имаше и девет асистенции.
Трета победа во низа забележа Филаделфија, овојпат беа подобри од Лос Анџелес Лејкерс со 118-104.
Клучен во победата беше Тајрис Макси кој постигна дури 43 поени, најдобар кај Лејкерс беше Леброн Џејмс кој реализираше 31 поен.
Резултати:
Атланта - Хјустон 96-100
Филаделфија - ЛА Лејкерс 118-104
Голден стејт - Јута 114-103
Портланд - Милвоки 125-112