Харден му скрши рака на Хрват и го остави без квалификации за ОИ (ВИДЕО)

Младиот хрватски кошаркар Лука Шаманиќ ја заврши својата втора сезона во НБА-лигата неколку дена порано од очекуваното поради тоа што се повреди и нема да може да ѝ помогне на хрватската репрезентација на квалификацискиот турнир за Олимписките игри (ОИ) во Токио.

На натпреварот на Сан Антонио спарс и Бруклин нетс, Шаманиќ заработи повреда на левата рака откако на него невнимателен старт имаше Џејмс Харден.

Харден се обиде да ја удри топката на Шаманиќ, но ја погоди неговата рака, по што Хрватот ја заработи повредата, иако успеа да ја заврши успешно акцијата на Сан Антонио.