Ентони Дејвис се договори со Лејкерс – 190 милиони долари за пет години!

НБА-ѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс, Ентони Дејвис договорил петгодишен договор вреден 190 милиони долари со актуелниот тим, во кој дојде лани во размена со Њу Орлеанс Пеликанс, а се најавуваше дека можно е да ги замине од еден од најпопуларните тимови во најсилната кошаркарска лига.

Дејвис заедно со Леброн Џејмс во изминатава сезона стигнаа до шампионскиот прстен, прв за Лејкерс после цела една деценија и сега после долги преговири, Лејкерси направија сѐ за да го задржат, па на крај е договорена џиновска петгодишна соработка.

Тој изминатата сезона играше во сјајна форма, со просек од 26,1 поен и 9,3 скока по меч