
Ѕвездата на Мајами на тренинг-кампот се појави со - женска фризура и налакирани нокти (ВИДЕО)
Тоа најмногу се однесува на новиот имиџ на еден од најдобрите играчи на „жешките“, Џими Батлер, кој пред јавноста се појави во „емо стил“, односно со свежо исгенирана долга коса. За време на фотографирањето биле ангажирани и фризери, кои на Батлер дополнително му ја чешлале косата, додека неговите соиграчи се смееја со солзи. Но, тоа не е се, бидејќи ѕвездата на Мајами се појави и полн со пирсинзи, како и со налакирани нокти. Единствено што недостасуваше беше неговата шминка за целосно да остави впечаток на жена.
Новинарите, секако, беа заинтригирани од ваквата ситуација, па го прашаа 34-годишникот зошто се одлучил за ваков имиџ. Тој одговори дека овој изглед е одраз на „неговата моментална емотивна состојба“.
Мајами минатата сезона беше поразен од Денвер (4-1) во финалето на НБА лигата, а дел од навивачите се шегуваат дека Батлер е во ваква состојба откако пропадна очекуваниот „трејд“ на Демијан Лилард со вицешампионот. Ѕвездата на Портланд наместо негов му стана соиграч на Јанис Адетокунмпо во Милвоки.