Џонсон не ги менува плановите: Лејкерс добива нова ѕвезда на лето!

Лос Анџелес лејкерс не успеа да го ангажира Ентони Дејвис до крајот на  преодниот рок во НБА-лигата, па поради тоа ќе се обидат на лето да ангажираат нова ѕвезда.

Лејкерс на лето ќе тргне по нова ѕвезда, а има многу кошаркари кои се поврзуваат со нив, а човекот кој е одговорен за тоа, Меџик Џонсон кажа дека може да се очекува нов кошаркар во Лос Анџелес.

„Неуспехот во преговорите со Њу Орлеанс нема да ги промени нашите планови на лето. На пазарот ќе има многу слободни кошаркари и ние сакаме да донесеме еден од нив“, кажа Џонсон.

Останува да видиме кого Леброн Џејмс ќе го добие за соиграч во Лос Анџелес, а листата е огромна.