Двајт Хауард потпиша ептен чуден договор со Лејкерс

Двајт Хауард следната сезона ќе го носи дресот на Лејкерс по втор пат во кариерата. Искусниот центар успеа да ги убеди челниците и стручниот штаб на овој тим за време на индивидуалните тренинзи да му понудат соработка, која е многу нетипична за големите НБА-ѕвезди. 

Хауард во Лејкерс ќе има договор „ден за ден“. Односно ќе заработува по 14,490 долари за секое вклучување во ростерот на тимот. Лејкерс има право во секое време да го прекине договорот со центарот. Вакви договори вообичаено потпишуваат играчите од летната лига или послабите кошаркарски дивизии како Џ-лигата и Д-лигата. Шпекулациите велат дека Лејкерс сакаат да се заштитат во случај Хауард да тргне по лош пат, бидејќи постојат информации дека има тежок карактер и води нездрав живот, а наводно користел и наркотици. 

Лејкерс го доведуваат Хауард како замена за повредениот Демаркус Казинс и тој треба да ја дели минутажата под кошевите со Ентони Дејвис и Џавал Мекги. Центарот играше во Лос Анџелес во сезоната 2012/2013, по шесте импресивни години во Орландо, каде се промовираше како еден од најдоминантните кошаркари во лигата.

Во дресот на Лејкерс не се прослави па потоа често менуваше тимови, а играше за Хјустон, Атланта, Шарлот и Вашингтон, а последно беше дел од составот на Мемфис, каде го раскина договорот за да се пресели во „Стејплс центарот“.