Дончиќ постигна кош за победа, па го исмеа легендарниот Владе Дивац (ВИДЕО)

Кошаркарите на Далас синоќа вторпат по ред во три дена како гости го совладаа Сакраменто кингс (107-103), а мечот го „реши“ Словенецот Лука Дончиќ погодувајќи го последното слободно фрлање.

Феноменалниот кошаркар веднаш по погодениот шут се сврте кон трибините и покажа кон местото каде што седеше легендарниот Владе Дивац. Нешто му кажа, а подоцна на клупата им фрли на соиграчите: „Требаше да ме избере мене!“ Дончиќ вака реагираше откако Србинот кога беше менаџер на Сакраменто не го драфтуваше, туку на инсистирање на некогашниот центар го ангажираа Марвин Багли, кошаркар кој набрзо потоа „исчезна“ од НБА картата.

Дончиќ потоа беше избран од Атланта хокс како трет пик, но веднаш беше трејдуван во Далас. Тој на ноќешниот натпревар постигна 26 поени, заедно со девет скока и 12 асистенции.