
Дончиќ откри дека сака кариерата да ја заврши во Европа и - ги разочара Делии!
Во интервју за „Вол Стрит џурнал“, играчот на ЛА Лејкерс истакна дека „кралевите“ имаат посебно место во неговиот живот, со што ги разочара фановите на Црвена Звезда, тимот за кој навива.
„Секако, тие ме одгледаа“, изјави Дончиќ на прашањето дали би сакал да се врати во Мадрид на крајот од кариерата. „За да играш за Реал мораш да бидеш навистина добар“, додаде словенечкиот репрезентативец.
Дончиќ (26) моментално е во потрага по својот прв шампионски прстен во НБА и ова лето го направи големиот чекор преминувајќи од Далас маверикс во ЛА Лејкерс. Тој во НБА пристигна во 2018 година како голем талент од Реал Мадрид, клуб каде што дебитираше во 2015 година.
ФОТО: EPA PHOTO