Дончиќ го водеше Далас до победа против Филаделфија

Кошаркарите на Далас ја совладаа Филаделфија во подготвителниот натпревар во НБА лигата со 115-112.

Далас ѝ се одмазди на Филаделфија за поразот кој им го нанесоа пред некој ден во натпревар кој беше одигран во кинескиот град Шенџен.

Најефикасен во победничкиот табор беше словенечкиот репрезентативец Лука Дончиќ со 15 постигнати поени, пет асистенции и четири скока. Поен помалку имаше Хозе Хуан Бареа, а Денис Смит џуниор и Двајт Пауел го завршија дуелот со по десет поени.

Филаделфија ја предводеше несопирливиот Џоел Ембид со 29 поени и седум скока, 18 постигна Роберт Ковингтон, а по десет постигнаа Бен Симонс и Џеј-Џеј Редик.