Дончиќ доби критики, па даде одговор: Јас си знам во каква форма сум!

НБА-лигата се ближи и за помалку од еден месец треба да продолжи на паркетите. Меѓу најголемите ѕвезди на завршницата ќе биде и Лука Дончиќ.

Одличниот кошаркар пред неколку дена доби критики од неговиот кондиционен тренер, но 21-годишниот Словенец не се грижи премногу за тоа.

„Тоа го мислеше за играта пет на пет, а не на физичката состојба. Но, искрено, не ми е гајле, затоа што јас знам најдобро во каква форма сум. МИслам дека таа е добра и ќе биде уште подобра до мечот во Орландо“, кажа Дончиќ.

Дончиќ кажа и дека ќе му биде необично да игра без публика и не знае што очекува на турнирот во Орландо.