Денвер победи во Филаделфија без Јокиќ, Мареј и Гордон, Оклахома врза два порази по ред! (ВИДЕО)

Сите очекуваа Денвер да биде лесен плен за Филаделфија со оглед на изостаноците кои ги имаше, но оние кои играа, одиграа херојски и по едно продолжение славеа со 125-124, Оклахома на свој терен беше прегазена од Шарлот, загуби со 97-124.

Поради повреди ноќеска во стројот на Денвер не беа Јокиќ, Мареј, Гордон, Валанчиунас, Хардавеј..., но и покрај сите тие проблеми остварена е победа.

Мечот беше изедначен во целиот тек, во финишот Денвер имаше водство од 120-115, на повеќе од минута, но не даде уште некој поен. Филаделфија успеа да изедначи, имаше и шут за победа, но не успеа, регуларниот тек заврши 120-120.

На четири секунди до крајот при негатива од 123-124 во продолжението, Денвер даде два поени од слободни фрлања, потоа се одбрани и дојде до победата од 125-124.

Пикет со 29 поени беше најефикасен кај Денвер, Вотсон постигна 24, кај Филаделфија Ембид даде 32 поени, имаше и 10 скокови.

Најдобриот тим во лигата, Оклахома доживеа тежок пораз на домашен терен од Шарлот, втор по ред. Гостите си заминаа со победа од 124-97.

Милер со 28 поени беше најефикасен кај Шарлот, Џиџулс Александер со 21 поен беше најдобриот поединец кај Оклахома.

Резултати:

Детроит - Њујорк 121-90
Бостон - Чикаго 115-101
Торонто - Атланта 118-100
Хјустон - Феникс 100-97
Оклахома - Шарлот 97-124
Филаделфија - Денвер 124-125
ЛА Клиперс - Голден стејт 103-102
Портланд - Јута 137-117