Чикаго и без Дерозан пресилен за Денвер, Феникс им се врати на победите (ВИДЕО)

Демар Дерозан одредено време ќе биде надвор од составот на Чикаго, бидејќи доби позитивен тест на Ковид-19, но Булс имаат доволно силен ростер за да не се почуствува неговото отсуство. 

Чикаго утринава славеше со 109-97 против Денвер. Зек Лавин со 31 поен беше најдобар во победничкиот состав, додека Никола Вучевиќ и Лонзо Бол имаа по 20 поени и по 10 скока. Никола Јокиќ имаше трипл-дабл за Нагетс со 17 поени, 12 скока и 15 асистенции.

Откако пред неколку дена Голден Стејт ја прекина победничката низа од 18 натпревари на Феникс, овој тим веднаш се врати со триумф од 108-104 против Сан Антонио. Крис Пол имаше 21 поен и 10 асистенции за Санс, а Џа Краудер 19 поени.

Стеф Кари со 31 поен го предводеше Голден Стејт до победа од 126-95 против Орландо, а голема помош имаше и од Ендру Вигинс со 28 поени. 

НА ОСТАНАТИТЕ НАТПРЕВАРИ
Шарлот - Филаделфија 124-127
Детроит - Оклахома 103-114
Индијана - Вашингтон 116-110
Мајами - Мемфис 90-105
Милвоки - Кливленд 112-104
 Минесота - Атланта 111-121
Портланд - ЛА Клиперс 90-102