Трагедија во Италија: Кошаркар колабираше на терен, па почина во болница!

Ужасни вести доаѓаат од Италија, каде што вчера почина кошаркарот на Фортитудо Месина, Хаитем Жабур Фаталах. Тој колабирал на теренот, по што реагирале медицинските лица, но му немало спас.

Италијанските медиуми објавија дека Фаталах загубил свест во текот на мечот, кој потоа бил прекинат, а кошаркарот бил пренесен во болница, каде што потврдиле дека е мртов.

Фаталах одигра повеќе од 250 натпревари во Италија, а во екипата на Фортитудо Месина пристигна во сезоната 2016/17.