„Супер“ Марио го уништи Партизан, Реал се прошета низ Белград

Иако постојано тврди дека е голем навивач на Партизан, Марио Хезоња вечерва играше без грам емоции и тотално го уништи актуелниот АБА шампион.

Реал Мадрид полесно од очекувањата славеше во Белград со 88-76 и тоа на крилјата на хрватскиот репрезентативец кој имаше своја вечер во Арена. Партизан беше рамноправен до три минути пред крајот на третата четвртина кога и водеше со 54-52, а потоа следуваше серија од 16-0 на Реал со која шпанскиот тим го сврте резултатот во своја корист (68-54 по 30 минути игра) и ги реши сите дилеми околу победникот. До крајот Партизан не успеа да се доближи на едноцифрена негатива.

Иницијатори на таа серија беа Кампацо и Хезоња, првиот ги разигра своите соиграчи, а вториот погодуваше од секоја позиција. Хрватскиот крилен играч го заврши натпреварот со 25 поени, 6 скока и 4 асистенции, а зад него беше Дек со „само“ 13 поени. Кај Партизан, Камински беше најефикасен со 21, а Пантер додаде 16 поени.

Со оваа победа, Реал го обезбеди првото место на крајот од официјалниот дел од сезоната, а Партизан има уште три кола да се избори за десеттото место кое сега го дели со Анадолу Ефес, а утре може да го загуби ако Валенсија го победи Монако.

РЕЗУЛТАТИ
Анадолу Ефес - Алба 85-84
Жалгирис - Басконија 94-76
Олимпијакос - Асвел 80-64
Партизан - Реал 76-88