Судиите го пријавија газдата на Панатинаикос, се чека реакција од Евролигата!

Панатинаикос и Димитрис Јанакопулос повторно се во центар на внимание и најверојатно ќе добијат некаква казна од Евролигата, откако газдата на грчкиот клуб ги нападна судиите.

Судиите кои ја делеа правдата во натпреварот помеѓу Панатинаикос и Олимпијакос во Евролигата, беа критикувани и обвинети од Јанакопулос дека земале по 20.000 евра за да судат за противничкиот клуб.

Порталот „Еврохопс“ пишува дека дисциплинската постапка против грчката екипа и Јанакопулос би можела да биде почната во наредните денови.

Инаку, Панатинаикос го доби тој дуел со 93-80 во рамки на шестото коло од Евролигата.