Шест поени и 10 асистенции за Димитријевиќ во триумфот над Енисеј

Уникс Казан го запиша 13. триумф во ВТБ-лигата откако вечерва беше подобар од Енисеј со 89-79 во 15. коло, а македонскиот кошаркар Ненад Димитријевиќ постигна шест поени и 10 асистенции.

Енисеј се покажа како достоен противник, па дури и ја доби првата четвртина со 22-16, по што го задржа водството на полувреме (44-43), но сепак Димитријевиќ и неговите колеги го уништија противникот во последните 10 минути од мечот.

Најефикасен во победата на Уникс беше Дерил Мејкон со 27 поени, додека за екипата на Енисеј блесна Анџело Варнер со 17 поени.

Уникс има 13 победи и два порази по 15 кола, додека пред него на лидерското место е ЦСКА Москва со 14 триумфи.