Падна рекордот на Евролига: Играч на Фенербахче постигна 50 поени

Турскиот прволигаш Фенербахче на доминантен начин ја совлада Алба со 103-68, а натпреварот ќе остане запамтен по новиот рекорд на Евролигата, поставен во Истанбул.

Кошаркарот на турскиот тим Најџел Хејс-Дејвис постигна 50 поени што е најдобро достигнување во историјата на елитното натпреварување. Досегашен рекордер беше Шејн Ларкин кој на 29 ноември 2019 година против Баерн реализира 49 поени.

Дека ова ќе биде историска вечер можеше да се предвиди уште во првата четвртина во која Хејс-Дејвис постигна 18 поени со шут од игра 9/11. На крајот имаше девет погодени тројки од 16 шута и индекс 46 за 30 минути во игра.