Олимпијакос пред потпис со најдобриот кошаркар на Жалгирис

Грчкиот кошаркарски гигант Олимпијакос планира да ангажира сериозни засилувања за следната сезона, а едно од нив би можело да пристигне од Жалгирис.

Американскиот кошаркар Кинан Еванс на крајот на сезоната ќе го напушти Жалгирис и наводно ќе се пресели во Олимпијакос, откако двете страни веќе постигнале договор.

Еванс оваа сезона игра одлично за екипата од Каунас и во просек постигнува по 17,3 поени, 2,7 скокови и 3,9 асистенции по меч.