Обрадовиќ клекна на колена за да го бакне грбот на Ц. Звезда (ФОТО)

Српската легенда Саша Обрадовиќ, кој е тренер на француски Монако имаше емотивен момент вечерва во Белград на евролигашката пресметка на неговиот тим со Црвена Звезда, чиј член и екс-тренер беше во минатото.

Обрадовиќ откако цел „Пионир“ почна да му го скандира името, излезе на центарот на теренот, клекна за да го бакне грбот на црвено-белите, на општо воодушевување и ерупција во преполната сала, а уште еден доказ колку е приврзан кој својот екс-клуб со кој беше првак на СР Југославија во 1993 и 1994 година.

Поранешниот југословенски и српски репрезентативец беше тренер во краток мандат на Цч Звезда во сезоната 2020/21.