Ништо ново во црвено-белиот Белград: Шести пораз по ред за Ц. Звезда во Евролигата!

Кошаркарите на Црвена звезда дефинитивно се збогуваа дури и со микроскопските теоретски шанси за пласман во плејин-турнирот во Евролигата, откако вечерва на домашен терен загубија и од Панатинаикос (76-89).

Тоа беше шести по ред пораз за црвено-белите во најсилното европско клупско натпреварување, како нова потврда за големата криза и промашената сезона, барем на евролигашки план. Грците беа подобар ривал во сите 40 минути и очекувано лесно дојдоа до посакуваната победа. Поранешниот партизановец, Матијас Лесор, со 19 поени беше најпрецизен кај зелено-белите од Атина, додека Дејан Давидовац со ист број поени беше најефикасен кај белграѓани.

Ц. Звезда останува трета одзади на табелата во Евролигата со скор 10-20, додека Панатинаикос се врати на третата позиција со учинок 19-11, каков што имаат уште Фенербахче и Монако.