Легендарниот Дино Раѓа има „злато вреден“ совет за сите млади кошаркари во регионот!

Хрватот Дино Раѓа е едно од најголемите кошаркарски имиња кои се појавило на просторот на поранешна СФР Југославија, член на златната генерација на „сините“ која доминираше пред почетокот на американскиот Дрим-тим и легенда во секоја смисла каква што се раѓа еднаш во сто години.

Тој деновиве ги минува во Белград каде што е дел од кампот „Кошарка без граници“, што е заеднички проект на ФИБА и на НБА. Следејќи ги тренинзите на талентите кои добија чест да бидат од овој настан, каде што главен тренер е легендарниот Грег Попович, тој се обидува да им пренесе дел од своето огромно искуство како и да им даде совет кој и тоа како ќе им се „најде“ во продолжение од кариерата.

„Парите ептен лошо влијаат врз талентите, особено на возраст кога треба уште да учат и да напредуваат. Веднаш главата не ти е чиста. Кога ќе почнеш да играш кошарка само поради парите, во тој момент си пропаднал како кошаркар. Таквите пари брзо се трошат бидејќи не ги цениш со оглед на леснотијата со која си дошол до нив. Само тие што успехот ги турка напред имаат шанса да дојдат до навистина голема заработка. Парите се како прашина на автопат. Поминува автомобил и ја крева, па после колку и да сакаш не можеш да ја собираш“, вели Раѓа.

Според хрватската легенда, една од причините за сето ова е фактот што младите кошаркари многу рано ги напуштаат матичните клубови.

„За мене е најдобро децата да останат што е подолго во матичната средина за да напредуваат. Но, тоа не е секаде исто. Многу зависи и од клубовите, како работат, колку тренери имаат. Сепак, едно е исто насекаде, мајка на успехот е исклучиво повторувањето“, дополнува легендарниот центар.

Раѓа е двоен европски клупски шампион со еден куп титули во земјите во кои настапуваше, а на градите има еден светски и два европски златни медали, сите со Југославија, како и две сребра од Олимписките игри по едно со СФРЈ и со Хрватска.