
Крај за домаќинот: Литванија обезбеди четвртфинале
Иако, Летонија ја имаше поддршката од домашниот терен, сепак Литванија влезе како фаворит во натпреварот и таа улога на крајот успеа да ја оправда.
Од самиот почеток беа подобар ривал на теренот, па веќе по првата четвртина стинаа до двоцифрена разлика (28-18).
Летонија се обиде, но не успеа да возврати во вториот пеиод и со двоцифрена предност, Литванија замина и на паузата ((47-37).
Не се менуваше сликата ниту во второто полувреме, Литванците сигурно го одржуваа водството и не дозволуваше домаќинот резултатски да се врати во натпреварот.
Во четвртфиналето, Литваниј ќе се соочи против подобриот од мечот помеѓу Грција и Израел.
Фото: FIBA