Toмовски не запира: Повторно правеше чуда на голот на Битигхајм!

Македонскиот голман, Мартин Томовски одигра уште еден фантастичен натпревар во дресот на Битигхајм и повторно беше помеѓу најзаслужните за триумфот на својот тим.

Битигхајм славеше победа од 33-30 против Либек, иако на полувемето губеше со 17-16. Томовски посебно одличен беше кон средината на полувремето кога се „кршеше“ натпреварот и со неколку интервенции придонесе за пресврт на својот тим.

Освен што беше одличен во одбраните, постигна и еден гол, средбата ја заврши со 11 интервенции.

Во минатото коло, Томовски беше избран за голман на колото во Втората Бундеслига, а сега со оглед на тоа дека имаше 41% успешност во одбраните повторно ќе биде во тесна конкуренција.

Фото: SG BBM Bietigheim/FB