Србите си најдоа оправдување – хотелот им бил полн со коронавирус!

Кошаракарите на Србија денеска слетаа во Белград, а српскиот селектор, Светислав Пешиќ веднаш по слетувањето зборуваше за медиумите.

Освен што Пешиќ потенцираше дека нема да поднесе оставка, тој зборуваше и за проблемите кои ги имала репрезентацијата во хотелот, тврдејќи дека во истиот бил раширен коронавирусот.

„Веќе кажав дека опрадувања не може да има. Но сакам да и да потенцирам дека повеќето кошаркари неколку дена играа со повреди, вирус влезе во тимот. Корона утрово доби и мојот колега од Летонија. Значи, хотелот е полн со коронавирусот. Кај нас ја имаа неколку кошаркари, кога веќе не победивме, барем веројатно ќе се извлечеме од тоа“, додаде Пешиќ.

Ќе потсетиме, Србија настапот на Евробаскео го заврши со шокантен пораз од Финска кој никој не го очекуваше.

Фото: FIBA