Пешиќ: Зошто оставка? Прифатив да дојдам кога никој не сакаше!

Репрезентацијата на Србија денеска се врати во Белград по вчерашниот шокантен пораз од Финска на Евробаскетот во осминафиналето.

Веднаш по пристигнувањето новинарите го запрашаа српскиот селектор Светислав Пешиќ дали размислува за оставка.

„Оставки не давам. Зошто оставка? Дојдов тука да го средам, тоа што го средив. По Олимписките игри никој не сакаше. Јас прифатив, пред се од одговорност кон кошаркарите. Ние имаме договор до крајот на септември. Тогаш ќе седнеме и ќе разговараме, јас секогаш стојам на располагање за секаков вид на помош. Ова не е фудбал, туку кошарка. И оставки не се даваат“, изјави Пешиќ.

Додаде српскиот селектор и дека во овој момен не размислува за плановите понатаму.

Фото: FIBA