Кошаркар на Алба го постигна најлудиот кош во Евролигата – лежеечки (ВИДЕО)

Кошаркарите на Фенербахче синоќа ја победија Алба (103-68) во меч од 32. коло од Евролигата, кој ќе се памети по неверојатниот учинок на Најџел Хејс-Дејвис, кој средбата ја заврши со дури 50 поени.

Но, овој натпревар ќе се памти и по потегот на словенечкиот кошаркар, Жига Самар, кој постигна неверојатен кош од многу тешка позиција.

По гужвата во рекетот, тој некако стигна до топката, се фрли на подот, шутна кон кошот и – погоди.