Историја во Евролигата: 28-годишник ќе води тим против Звезда во Белград!

Кошаркарскиот клуб Париз се раздели со досегашниот тренер Франческо Табелини откако беа поразени на последните четири натпревари, а веќе потврдија и кој ќе биде негов привремен наследник.

Сезоната е далеку од очекувањата. Третото место во францускиот шампионат и дното на табелата во Евролигата, по историската година во која тимот избори пласман во плејофот, не ги задоволуваат амбициите на клубот. 

Интересно е што на клупата привремено ќе седне Жулиус Томас, кој досега беше помошник тренер. Станува збор за 28-годишен стратег кој ќе ја има улогата на привремено решение.

Томас ќе го предводи Париз на натпреварот против Црвена Звезда на 7 април во Белград, во рамките на Евролигата и тој ќе биде најмладиот тренер во историјата на ова натпреварување.