Блесна нова ѕвезда: Атлетиката го доби најмладиот светски шамоион во историјата! (ВИДЕО)

Американскиот тинејџер Купер Луткенхаус триумфираше на трката на 800 метри и со 17 години стана најмладиот светски шампион во атлетиката.

Луткенхаус го освои златниот медал на Светското првенство во сала во Торун на трката на 800 метри, со што стана најмладиот победник во машка дисциплина на било кое Светско првенство, било во сала или на отворено.

Тој ја освои титулата со 17 години и 93 дена, рушејќи го рекордот на Етиопецот Мохамед Аман, кој имаше 18 години и 61 ден кога во 2012 година го освои златото на 800 метри.

Луткенхаус победи со резултат 1:44,24 и за 14 стотинки беше побрз од Белгиецот Елиот Крестан, додека бронзата му припадна на Шпанецот Мохамед Атауи со време 1:44,66.

Фото: EPA