Чудо во Куманово: Шкупи во две минути даде два еврогола! (ВИДЕО)

Фудбалерите на Шкупи играат очајна сезона и наредната сезона сигурно ќе бидат второлигаши, сепак денеска можеби ќе ја запишат прват победа и тоа против Башкими во Куманово каде што играат како домаќини.

Чаирчани имаа неверојатен почеток на второто полувреме во кое во само две минути постигнаа два еврогола.

Прво Зибери во 49-та минута испрати силен удар од голема далечина, а само две минути подоцна 18-годишниот Чајани постигна уште поубав погодок.

Ќе потсетиме, Шкупи сезонава нема ниту една победа и е последен со само еден бод.