Шпанката Гормаз ја запре Ѓорческа на стартот од Челинџерот во Дубровник

Maкедонската најдобра тенисерка Лина Ѓорческа беше запрена во 1/16 финалето на турнирот во Дубовник каде што загуби од Шпанката Ромеро Гормаз.

Челинџерот во Хрватска во првиот меч и донесе на Ѓорческа пресметка против 141. Тенисерка во светот, а нашата претставничка не успеа да приреди изненадување.

Добро тргна Ѓорческа и уште во првиот гем го освои сервисот на Гормаз, меѓутоа и веднаш го загуби својот. Во продолжение македонската тенисерка направи втор брејк за 4-3, меѓутоа и уште еднаш го загуби претходно својот сервис. Одлучувачки беше осмиот гем во кој шпанската претставничка дојде до трет брејк за 5-3 кој во наредниот само го потврди.

Слична беше сликата и во вториот сет каде што Ѓорческа повторно три пати го загуби сервисот и го загуби мечот со двапати по 6-3.