Фудбалерите мотивирани на денешниот тренинг пред летот за Копенхаген (ФОТО)

Македонската фудбалска репрезентација денеска одржа тренинг на тренинг-центарот „Петар Милошевски“ рамки на последните подготовки пред полуфиналниот бараж против Данска во Копенхаген.

Репрезентативците се мотивирани пред важниот натпревар кој треба да ја доближи Македонија до настап на Мундијалот, кој се игра годинава.

Натпреварот меѓу Македонија и Данска се игра на стадионот „Паркен“ во Копенхаген в четврток од 20.45 часот.