Перез активира „бомба“ - една од ѕвездите на Реал добива нов договор!
Винисиус ќе добие договор до 2030 година, како и плата од дури 27 милиони евра, иако првично бараше три милиони евра повеќе.
Бразилецот стигна на „Сантијаго Бернабеу“ во 2018 година од Фламенго, а во моментов е еден од најдобрите фудбалери на „кралевите“.
Винисиус досега настапи на 365 натпревари за шпанскиот тим и притоа постигна 123 голови и 95 асистенции.