Џабе евроголовите: Башкими со играч помалку му даде три гола на Шкупи за пресврт! (ВИДЕО)
Првото полувреме речиси и да не донесе никакви возбудувања, ништо не се случуваше, па и мрежите мируваа.
Но ситуацијата драстично се промени веднаш во второто полувреме кога во почетните минути чаирчани кои сезонава ретко погодуваат дојдоа до водство од 2-0. Двата гола беа со удари од далечина прво Зибери стрелаше во 49-тата, а потоа и Чајани во 51-та минута.
Изгледаше дека Шкупи ќе приреди големо изненадување и првпат сезонава ќе победи, но тоа не се случи. Не помогна ниту исклучувањето кај Башкими во 72. минута кога црвен картон доби Ор.
Кумановскиот состав како да чекаше да добие и исклучување за да почне да игра. Црвен картон во 72. минута заработи Ори, а до крајот со играч помалку постигнаа три погодоци. Дефанзивцето Личина прво остана сам во шеснаесетникот по еден корнер и погоди за 2-1, а само минута подоцна Ферати си ја погоди сопствената мрежа за израмнување.
За комплетен пресврт се погрижи Рибеиро кој постигна гол во 88. минута, истиот играч ја погоди мрежата и во судиското продолжение, но тој беше поништен поради офсајд.