Валверде го чека суспензија, Реал ќе се жали
Судијата Муниер Монтеро во својот извештај по натпреварот образложил дека Уругваецот намерно го шутнал противничкиот фудбалер и поради тоа според правилата му следи два натпревари суспензија.
Лаа Лига ја потврди одлуката, меѓутоа таа не е официјална бидејќи Реал ќе поднесе жалба. Сепак, не се очекува дека нешто ќе се промени.
Добра вест за „кралевите“ е што во тие два натпревари ќе бидат фаворити против Мајорка на домашен терен и Жирона на гости.