Македонија ја чека пекол во Копенхаген - стадионот веќе е распродаден!

Македонската фудбалска репрезентација в четврток ја чека полуфиналниот бараж против Данска кој ќе го играме во Копенхаген каде што избраниците на селекторот Седлоски ги чека вистински пекол.

Имено од федерацијата на Данците информираа дека стадионот „Паркен“ за полуфиналниот бараж е комплетно распродаден, па така домашната селекција ќе има поддршка од околу 37.000 навивачи.

„Се е подготвено за голема вечер на „Паркен“ кога репрезентацијата на распродаден стадион ќе игра против Македонија“, стои во објавата.

Кога се македонските навивачи во прашање, обезбедени се околу 1.000 билети.

Побендикот од дуелот помеѓу Данска и Македонија во финалето ќе се соочи против Ирска или Чешка кои се соочуваат во второто полуфинале.

Фото: EPA