Најубавата одбојкарка во историјата пак ги збудале фановите – им ги покажа градите (ФОТО)

Кајли Симонс, поранешна американска одбојкарка која по спортската кариера стана инфлуенсерка, повторно привлече големо внимание на социјалните мрежи со нова објава на Инстаграм со која ги излуде мажите.

Станува збор за 30-годишна Американка, која на Инстаграм ја следат речиси еден милион луѓе, а која објави селфи пред огледало во краток топ на кое ѝ се гледаат дел од градите, фотографија што за кратко време собра илјадници реакции и коментари.

Симонс настапуваше за Маршал универзитетот во првата НЦАА дивизија, во периодот од 2014 до 2017 година. По завршувањето на одбојкарската кариера, целосно се насочи кон инфлуенсерството, а нејзините објави редовно стануваат вирални и добиваат десетици илјади лајкови. Денес живее патувајќи низ светот и води успешен профил на Онлифанс, каде што, иако бројот на претплатници не е јавно познат, според објавите јасно е дека станува збор за многу профитабилна кариера ✈️🌍

Пред две години се појавија информации дека размислува за враќање во одбојката и можен обид за настап за американската репрезентација на Олимписките игри, но тие шпекулации не се покажаа како точни. Откако во 2023 година медиумите ја прогласија за „најсексапилна одбојкарка во светот“, Симонс јавно одговори на коментарите поврзани со нејзиниот изглед.

„Само да појаснам, не реков дека ми е доста од прашања за моите гради. Реков дека ми е доста луѓето да ме прашуваат дали се природни“, изјави тогаш таа.