ФФМ го „отвори“ тренингот: Дојдете достојно да ги испратиме нашите херои кон Данска!

Македонската фудбалска репрезентација попладнево ќе одржи отворен тренинг на спортскиот комплекс „Петар Милошевски“ во скопската населба Ново Лисиче, на кој присуство ќе можат да имаат сите навивачи и поддржувачи на националниот тим.

Ова ќе биде последен тренинг пред заминувањето за Копенхаген, каде што Македонија ќе го одигра полуфиналниот бараж за пласман на СП 2026 против Данска.

„Спортскиот комплекс на ФФМ отворен за сите, дојдете да ги поздравиме нашите репрезентативци пред летот за Копенхаген и дуелот со Данска за пласман на СП 2026. Во 16 часот. Се гледаме“, порачаа од ФФМ.

Репрезентативците утре со чартер-лет од скопскиот аеродром ќе отпатуваат за данската престолнина, каде в четврток (26 март), ќе се одигра натпреварот што може да ни донесе нов историски чекор кон светската сцена.