Меси од слободен удар го почна походот кон „илјадарката“ (ВИДЕО)
Својот 901. гол го постигна на гостувањето кај Њујорк Сити каде Интер Мајами славеше со 3-2 и тоа со пресврт. При водство на домаќинот со 2-1, аргентинскиот ас погоди за израмнување, а потоа Микаел се погрижи за победа на екипата од Флорида. За Меси тоа беше 71. гол од слободен удар во кариерата со што се доближи на само седум до светскиот рекорд.
Сега тој се насочува на настапите на аргентинската репрезентација со која претстојните денови ќе игра против африканските аматери Мавританија и Замбија во Буенос Аирес.