Сензација во Мајами: Алкараз си оди дома!
Подобар од него денеска беше Американецот, Себастијан Корда кој по два часа и 20 минути игра славеше со 2-1 (6-3, 5-7, 6-4). Алкараз никако не успеваше да го крене темпото на својата игра, во вториот сет се извлече со четири освоени гема по ред, но во третиот дозволи Корда да направи брејк во седмиот гем и да дојде до победата.
Со поразот на Алкараз, Синер има голема шанса дополнително да ја намали разликата на АТП листата, но ќе треба да триумфира и во Мајами, исто како и во Индијан Велс.