Пелистер се распадна во финишот, ТФТ славеше во дербито! (ФОТО)
Натпреварот почна израмнето и двете екипи се менуваа во водството, а по првиот период водеа гостите од Битола со 30-26.
Второта четвртина беше и најдобриот период на тимот на Пелистер во неа гостинскиот состав дојде до највисоката предност во натпреварот од 12 поени разлика (33-45). Сепак, домашниот состав во последните моменти пред паузата успеа да намали на са четири разлика 41-45, резултат со кој се замина на одмор.

Каде што застана ТФТ во финишт од првиот дел продолжи во вториот, па така направија пресврт и поведоа со седум поени (52-45). Но, Пелистер брзо се врати, па имаше предност и во последната четвртина (71-68).
Но, гостите се што градеа во текот на целиот натпревар го испуштија во последната четвртина, тука ТФТ доминираше, па на крајот славеше и со двоцифрена разлика, иако во поголемиот дел од средбата беше во негатива.





