Рома го победи Лече и се израмни со Јувентус (ВИДЕО)

Фудбалерите на Рома им се вратија на победите во Серија А откако вечерва со минимални 1-0 го совладаа Лече.

„Волчицата“ одигра солиден натпревар и иако славеше минимално, сепак сосема заслужено дојдоа до трите бода.

Херојот беше Робинио Ваз кој го постигна единствениот гол на средбата во 57. минута.

Избраниците на Гасперини со овој триумф се израмнија со Јувентус на петта позиција со по 54 бода, Комо е пред нив со три кола.

Во следното коло, Рома ја чека тежок предизвик во дербито против Интер, додека Лече ќе игра дома со Аталанта.